Достапни линкови

Ходорковски казнет за кршење затворски правила


Акција „Роденден на Михаил Ходорковски“

Акција „Роденден на Михаил Ходорковски“

Поранешниот руски тајкун Михаил Ходорковски добил два укора од затворските службеници и стравува дека со тоа може да се збогува со надежта да биде условно ослободен од затворската казна. Неговите адвокати соопштија дека Ходорковски добил укори за кршење на затворските правила, откако поднел барање за помилување. Според пресудата по обвинението за измама , Ходорковски треба да остане во затвор до 2016-та година. Тој и неговиот соработник Платон Лебедев кој беше службеник во сега веќе непостоечката нафтена компанија Јукос, се затворени од 2003 година под обвинение за даночно затајување. Двајцата беа осудени во 2005 година, а потоа уште еднаш беа осудени за проневера на пари.
XS
SM
MD
LG