Достапни линкови

logo-print

Тачи: Паралелните структури во Косово стануваат паравоени


Хашим Тачи

Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска изјави дека паралелните структури на северот на Косово кои ги финасира Србија се претвoраат во паравоени структури кои спроведуваат терористички акции. Тачи во својот говор во Собранието изјави дека ЕУЛЕКС и КФОР во денешната заедничка акција во Зубин Поток обезбедиле докази меѓу кои и оружје кое укажувало на врската меѓу Белград и структурите кои се дел од организираниот криминал во северниот дел на земјата. Тој додаде дека ЕУЛЕКС и косовската полиција ги идентификувала осомниечните за убиството на косовскиот полицаец на 26-ти јули.
XS
SM
MD
LG