Достапни линкови

Договор меѓу ММФ и Србија за кредит од милјарда евра


Делегацијата на Меѓународниот Монетарен Фонд соопшти дека склучила договор со Србија за стенд бај аранжман од околу милијарда евра. Шефот на делегацијата Алберт Џегер, оцени дека српската економија полека се опоравува од сериозниот пад, но предупреди дека должничката криза во Европа и глобалните финансиски проблеми, можат да се одразат и врз Србија. Српските претставници оценија дека договорот со ММФ е клучен за зачувување на економската стабилност на земјата и за привлекување странски инвестиции.
XS
SM
MD
LG