Достапни линкови

СБ на ОН отфрли соопштение за Косово поднесено од Русија


Виталиј Чуркин

Виталиј Чуркин

Советот за безбедност на ОН на седницата за Косово не го усвои претседателското соопштение поднесено од Русија. Рускиот амбасадор во Светската организација Виталиј Чуркин изјави дека целта на ова соопштение била да се испрати јасна и недвосмислена порака за потребата од воздржување од еднострани и насилни акции, како и дека постојните несогласувања треба да бидат решени со дијалог. Тој изрази жалење што текстот бил блокиран поради опструкцијата на пет земји во Советот.
На седницата е поднесен редовниот извештај за состојбата на Косово, а на членовите на Советот за безбедност им се обратија министрите за надворешни работи на Србија и на Косово Вук Јеремиќ и Енвер Хоџај.
XS
SM
MD
LG