Достапни линкови

logo-print

Хоџај: нема враќање на ситуацијата во Косово од пред 25 јули


Енвер Хоџај

Енвер Хоџај

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај на вчерашната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека за Приштина е неприфатливо статус кво, замрзнат судир и поделбата на Косово. Тој порача дека нема враќање на ситуацијата во Косово пред 25 јули, додавајќи оти косовските власти презеле легитимна акција. Случувањата во јули во Северно Косово беа најголем предизвик на Балканот во последните години, посочи Хоџај, додавајќи оти „српските екстремисти пукале врз косовските полицајци и полицајците од ЕУЛЕКС“. Шефот на косовската дипломатија го обвини Белград дека ги финансира српските екстремисти.
XS
SM
MD
LG