Достапни линкови

Прифатено барањето на Лондон за одмрзнување на либиски средства


Комитетот за санкции на Советот за безбедност на ОН го прифати барањето на Лондон за одмрзнување на либиските средства во износ од 1,6 милијарди долари за да се овозможи хуманитарна помош за Триполи. Комитетот го даде одобрението по согласноста на Кина, која досега се противеше на тоа. Претходно и Германија бараше одмрзнување на милијарда евра либиски средства, а Франција бараше да бидат одмрзнати пет милијарди евра за хуманитарна помош на Либија.
Во согласност со санкциите на ОН против режимот на Моамер Гадафи, земјите членки на ЕУ и САД од почетокот на годинава ги замрзнаа либиските пари во износ од повеќе милијарди евра.
XS
SM
MD
LG