Достапни линкови

Амнести: во сириските затвори од март убиени 88 лица


Меѓународната организација за човекови права Амнести интернешнел соопшти дека претпоставува оти најмалку 88 лица, меѓу кои и десетина деца, се убиени во затворите во Сирија во последните пет месеци, колку што траат протестите против сириските власти. Веруваме дека сириските власти систематски го прогонуваат сопствениот народ во големи размери, изјави претставникот на Амнести Нил Самондс, додавајќи оти се забележани и многубројни примери на тортура на затвореници.
Сите жргви се приведени од март, кога почнаа масовните антивладини демонстрации и се претпоставува дека причина за нивното апсење е учеството во демонстрациите.
XS
SM
MD
LG