Достапни линкови

Бомбашки напад во Грозни- убиени 7 полицајци


Најмалку осум лица, меѓу кои седум полицајци загинаа во бомбашки напад во Грозни, главен град на руската република Чеченија. Според полициски извори, напаѓачот се самоубил кога полициската патрола се обидела да го уапси. Во нападот, кој се случил недалеку од зградата на парламентот, повредени се 16 лица.
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека бандитот се обидел да изврши терористички напад на најсветиот ден за муслиманите.
XS
SM
MD
LG