Достапни линкови

САД: Викиликс ги загрозува животите на луѓето


Викторија Нуланд

Викторија Нуланд

Со објавувањето на депешите на американската дипломатија Викиликс ги загрозува животите на луѓето, оцени американскиот Стејт департмент, откако овој интернет сајт објави илјадници нови депеши. Освен што ги доведува во прашање нашите дипломатски напори, тоа ја загрозува и безбедноста на луѓето, и се заканува на националната безбедност и ги поткопува нашите напори да работиме со другите земји во решавање на заедничките проблеми, изјави портпаролката Викторија Нуланд. Американската администрација, додаде таа, продолжува да се ангажира за да ги намали нанесените штети на националната безбедност и колку што може и на оние кои се оштетени со овие лажни објави.
XS
SM
MD
LG