Достапни линкови

logo-print

Санадер: Не земав 10 милиони евра мито


Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска пред хрватските истражители негираше дека примил мито од 10 милиони евра. Неговите адвокати соопштија дека за време на получасовното испрашување изнел активна одбрана за обвинувањата за мито во корупцискиот скандал за нафтената компанија. Испрашувањето се одвивало во загребскиот притвор Реметница, во кој е сместен по екстрадицијата од Австрија. Во корупцискиот скандал се вмешани ипоранешниот потпретседател на хрватската влада и директорот на нафтената фирма.
XS
SM
MD
LG