Достапни линкови

logo-print

КФОР нема да го намали бројот на војници во Косово


Командантот на КФОР во Косово генерал – мајор Ерхард Билер изјави денеска дека ќе бидат одложени плановите за повлекување на трупите во Косово поради растот на насилството, безбедносните закани и етничките тензии на северот на земјата. Тој во интервју за Асошиетед прес изјави дека не верува оти блиска иданина ќе има намалување на членовите во мировната мисија. Мисијата беше поставена во 1998-99 година со цел да стави крај на косовската војна.
КФОР планираше да ги намали на половина своите 5 илјади војници до крајот на годинава. По насилствата од минатиот месец Алијансата одлучи да донесе засилување на мисијата од Германија и Австралија.
XS
SM
MD
LG