Достапни линкови

Талибанците регутираат деца за бомбашки напади


Карзаи разговара со 7 годишно момче приведено поради бомбашки напади

Карзаи разговара со 7 годишно момче приведено поради бомбашки напади

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска изјави дека 8-те деца кои беа приведени пред да извршат самоубистевни бомбашки напади, ќе ги вратат кај семејставата. Авганистанските власти при полициска акција привеле 20 деца од кои најмладото е 7 годишно момче, пред да извршат бомбашки напади низ земјата. Карзаи во својот говор по повод муслиманскиот празник изјави дека децата биле заведени од Талибанците. Тој побара од Талибанците и сите оние кои имаат пушка на рамо да го остават оружјето и да помогнат во обновување на земјата, наместо да тераат деца да ја уништуваат.
Властите соопштија дека останатите 12 деца наскоро ќе бидат вратени дома откако ќе поминат едукативни програми.
XS
SM
MD
LG