Достапни линкови

Иран воспостави дипломатски односи со новата власт во Либија


Иран денеска го направи привиот дипломатски контакт со либискиот Национален преоден Совет. Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи во телефонски разговор со либискиот лидер на бунтовниците Мустафа Џалил му честитал за победата и го поканил во Техеран да рзаговараат за односите меѓу двете земји. Иранското министертво соопшти дека нивниот амбасадор наскоро ќе се врати во Либија. Минатата недела либиската амбасада во Техеран го отстрани државното знаме и се придружи на анти-Гадафи движењето.
XS
SM
MD
LG