Достапни линкови

Издавање дозволи за изградба на верски објекти, амнестија за случувањата на Кале... Злоупотреба на религијата за политички цели?

Во изминатите години сведоци сме на давање дозволи за изградба на верски објекти или доаѓање на градоначалници со вербален исказ да кажат дека верски објект има дозвола да биде изграден. Ова, според некои експери се примери кои покажуваат за она што се зборува често кај нас дека постојат обиди политичките партии да влијаат врз работата или да ги користат услугите на верските заедници или обратно верските лидери да се чувствуваат позначајни доколку се блиску до политиките партии. Со
Имате ситуации кога блиски луѓе до политичките лидери се појавуваат како носители на одредени верски барања. Тоа негативно влијае на општата претстава за секуларноста на државата и од друга страна ја намалува моралната моќ на верските лидери.

тоа што религијата и политиката си помагаат, и едните и другите работат на нарушување на автономијата на верската заедница или на спецификата на политичката организација, вели Цане Мојановски, поранешен претседател на Комисијата за односи меѓу верските заедници:

„Имате ситуации кога блиски луѓе до политичките лидери се појавуваат како носители на одредени верски барања. Тоа негативно влијае на општата претстава за секуларноста на државата и од друга страна ја намалува моралната моќ на верските лидери, на верските заедници во мобилизирањето на граѓанството и на луѓето за надминување на одредени состојби.“

Деновиве актуелна беше политичката амнестија за случувањата на Калето. Одлуката на Судот во Скопје да го затвори февруарскиот инцидент предизвика сомневања за тоа што се крие зад ваквото решение со кое се амнестираат 50 учесници во тепачката.
Тепачката на Кале

Се отвори прашањето дали тоа е заради мир во рамки на владината коалиција. А контекстот на инцидентот беше политички. Некои од опозициските партии обвинуваат дека самите учесници во инцидентит на Калето биле политички мотивирани. Публицистот Ибрахим Мехмети укажува дека има мешање или соработка меѓу политиката и верските заедници, но според него поголемиот проблем е што се злоупотребува религијата за политички цели и се манипулира со верските чувства:

„Проблемот е во тоа што политиката треба да биде инволвирана во смисла да создаде услови кога се даваат градежни дозволи, значи да се запази таа демократска форма, тоа не се направи однапред и сега секој се обидува да го искористи тоа на свој начин и едноставно имаме конфликти ситуации
Само јакнењето на демократскиот капацитет и на демократската политичка култура може да биде гарант дека тие процеси ќе се сведат на најмала можна мерка или во подносливи рамки.
кои не се решаваат, туку само се заташкуваат и чекаат некоја следна прилика повторно да се појават.“

Експертите нагласуваат дека треба да јакне демократската политичка култура и способноста на граѓаните поотворено да разговараат за мешањето на политиката во верските заедници и на верските теми во политичките партии.

„Само јакнењето на демократскиот капацитет и на демократската политичка култура може да биде гарант дека тие процеси ќе се сведат на најмала можна мерка или во подносливи рамки.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG