Достапни линкови

Вујкото на Обама во притвор за возење во пијана состојба


Барак Обама

Барак Обама

Вујкото на американскиот претседател Барак Обама од Кенија е обвинет за возење во пијана состојба во сојузната држава Масачусетс, каде што е во притвор на имиграциските власти поради тоа што немал важечка виза. 67 годишниот Онјанго Обама бил приведен во минатата недела во градот Фрамингем. Полицијата наведе дека при апсењето запрашан дали сака на некого да му се јави Онјанго одговорил: ,,Мислам дека ќе ја повикам Белата куќа,,. Тој и е брат на Зеитуни Онјанго, тетка на американскиот претседател која во минатата година, по указот за депортација, доби право да остане во Соединетите држави.
XS
SM
MD
LG