Достапни линкови

Продолжуваат протестите во Сирија


Во Сирија на првиот ден на празникот Рамазан Бајрам со кој завршува месецот на муслиманските пости имало протести. Активисти за човекови права јавуваат дека безбедносните сили отвориле оган за да ги растераат демонстрантите. Притоа, според некои наводи, имало неколкумина загинати. Обединетите нации соопштија дека околу 2 илјади и 200 луѓе биле убиени од почетокот на протестите против режимот на претседателот Башар ал Асад во март годинава.
XS
SM
MD
LG