Достапни линкови

Грција: оние што не плаќаат данок, на интернет


Министерот за финансии Евангелос Венизелос

Министерот за финансии Евангелос Венизелос

Грчката влада во наредниве денови на интернет ќе ги објави имињата на компаниите обвинети дека не плаќаат данок. Министерот за финансии Евангелос Венизелос вели дека ќе бидат објавувани и имињата на поединци кои од државата затаиле данок од над 150 илјади евра. Слабиот приход од даноците се заканува да го спречи исполнувањето на целите на владата за намалување на дефицитот, договорено во рамките на меѓународната спогодба со која Грција доби нов пакет заеми за спасување од кризата.
XS
SM
MD
LG