Достапни линкови

logo-print

Воени злосторства и во либијскиот град Мисрата


Силите лојални на Моамер Гадафи извршиле воени злосторства за време на борбите со бунтовници во Мисрата. Ова се наведува во најновиот извештај на организацијата Лекари за човекови права. Во извештајот се прецизира дека станува збор за убиства, тортура, силувања, присилни интернации и исчезнувања. Мисрата по три месечни битки во мај беше ослободена од бунтовниците. Заменик директорот на Лекари за човекови права Ричард Солом оцени дека злосторствата во Мисрата биле едни од најфлагрантните документирани досега во Либија.
XS
SM
MD
LG