Достапни линкови

Бунтовниците тврдат дека го убиле синот на Гадафи, Хамис


Хамис Гадафи

Хамис Гадафи

Еден од синовите на Моамер Гадафи бил убиен во едно место на околу 80 километри од Триполи, каде што бил и погребан. Ова го јави агенцијата Франс Прес, повикувајќи се на извори на бунтовничката влада. Бунтовниците неколку пати јавуваа дека Хамис Гадафи е убиен, но таа вест никогаш не е официјално потврдена. Најмладиот син на Гадафи беше командант на една од најсилните бригади во составот на либијската војска.
XS
SM
MD
LG