Достапни линкови

Седница на Советот за безбедност на ОН за Косово


Советот за безбедност на Обединетите нации

Советот за безбедност на Обединетите нации

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска треба да го разгледа извештајот на генералниот секретар Бан ки Мун за работата на Унмик и за ситуацијата на Косово. Редовната седница за Косово требаше да биде одржана вчера, но беше одложена поради последиците од ураганот Ајрин. На седницата за прв пат како претставник на Унмик треба учествува и новиот шеф на мисијата, авганистанскиот дипломат Фарид Зариф. Од српска и од косовска страна на седницата ќе учествуваат шефовите на дипломатиите Вук Јеремиќ и Енвер Хоџај. Во тримесечниот извештај Бан ки Мун ги повикува страните да се воздржaт од еднострани потези кои можат да го загрозат дијалогот меѓу Белград и Приштина.
XS
SM
MD
LG