Достапни линкови

Нода е избран за нов јапонски премиер


Јошихико Нода

Јошихико Нода

Јапонскиот парламент денеска го избра поранешниот министер за финансии Јошихико Нода за нов премиер. Тој ќе биде шестти премиер во изминативе пет години на третата најбогата земја во светот. Двата дома на јапонскиот парламент гласаа за него откако вчера тој беше избран за лидер на владејачката Демократска партија. Нода за кој се смета дека е фискално конзервативен ќе се соочи со застрашувачки проблеми, вклучувајќи ги тука обновувањето на земјата по катастрофалното цунами, нуклеарната криза и слабата економија. Тој го замени Наото Кан кој денеска и официјално си поднесе оставка по само 15 месеци на таа функција.
XS
SM
MD
LG