Достапни линкови

Пожар во Слепче


Пожар во селото Слепче.

Пожар во селото Слепче.

И селаните од селото Слепче заедно со пожарникарите се борат со огнената стихија која два дена беснее во атарот на селото.

Чедомир Тасески од долненско Слепче, кој живее и работи во Скопје е сопственикот на една од двете опожарени куќи од огнената стихија што два дена беснее во атарот на селото. Соселаните кои се бореле со пламените јазици што виореле во селото, му јавиле за несреќата што го снајде селото.
Кога сите луѓе овде и жени и деца, сите отидоа таму, неколку куќи се запалија, дури ги гасневме, а ние постарите уште два-тројца сме ние се обидовме и нив да им помогнеме и јас не можам да траам, иако сум стар човек и болен и морав да појдам и да помогнам.

„Ние дојдовме откако беше изгаснато, од кај 3 часот горело, ние дојдовме околу 8 часот. Ни кажаа во Скопје, изгорен е подот на собите, еден кревет, таванот е фатен, покривот, изгорена е плевната и сушницата надвор. Тоа бил ептен голем пожар, не можеле да го изгаснат“, вели Тасески.

Ваков пожар не паметат Слепчани. Се собрале сите жителите и млади и стари и мажи и жени. Секој носел вода од каде што можел да најде, со лопати, мотики, со прскалици се обидувале да го скротат огнот, со часови. На помош им дошле и жителите од соседното село Браилово.

„Кога сите луѓе овде и жени и деца, сите отидоа таму, неколку куќи се запалија, дури ги гасневме, а ние постарите уште два-тројца сме ние се обидовме и нив да им помогнеме и јас не можам да траам, иако сум стар човек и болен и морав да појдам и да помогнам. Но, нема никој за нас, никој кој ќе не побара, првин државата, нека ни се здрави и живи сите коишто се на партиите, ама никој не доаѓа, освен кога ќе ги гласаме, само тогаш не бараат“, зборува низ солзи 79-годишниот Љубе Цветаноски, еден од најстарите жители на Слепче.

Пожар во селото Слепче

Како што вели, во селото нема вода, па сите оделе ваделе вода од бунарите, трчале до изворите за да помогнат во гаснење на пожарот рамо до рамо со пожарникарите од прилепската територијална противпожарна единица.

„Брзо се реагираше, дека голема тревата многу тешко беше за гаснење, активиравме трактори со плугови да се заорува, од соседно село дојдоа со прскалки овие што се за ниви прскање, со лопати, се зафати и куќа една таму, па дојдоа и пожарникарите, се качија таму, се повреди од нив, падна. Така беше катастрофална работа, напорна работа, тешка, измачени доста бевме, после се прошири кон пругата, одевме и прагови гасневме на пругата, имаше многу работа“, вели Велјан Ристески, жител на Слепче.
Одговараме колку што можеме максимално значи, нашата единица одговара максимално, но ова веќе преминува во слободно можам да кажам во лудило на одредена група на пиромани, па не можеме ние да изгаснеме и да одговориме онолку, колку што тие можат да запалат.


По тричасовна борба, огнот бил ставен под контрола, потоа и изгаснат во селото. Но, пламените јазици и натаму ги уништуваат квалитетните шуми над селото. Од територијаланата противпожарна единица во Прилеп потенцираат дека и овој и останатите бројни пожари кои последниве денови беснеат во Прилепско се подметнати од пиромани.

„Одговараме колку што можеме максимално значи, нашата единица одговара максимално, но ова веќе преминува во слободно можам да кажам во лудило на одредена група на пиромани, па не можеме ние да изгаснеме и да одговориме онолку, колку што тие можат да запалат“, акцентира Станко Колески, командир на прилепската противпожарна единица.

Тој апелира до граѓаните барајќи соработка, за да се откријат пироманите кои само последниов месец се причина за огромните штети што ги предизвикаа пожарите кои јагленосаа низа објекти и шуми во Прилепско, но најмногу во Долненска Општина.

Од подружницата на Македонски Шуми истакнуваат дека еден од пироманите е фатен на дело, а за многумина други има точни сознанија дека ги подметнале пожарите. Полицијата води темелна истрага, се бараат сторителите, против нив ќе поднесат соодветни пријави, а ќе следат и законски казни кои се движат меѓу 5.000 и 20.000 евра.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG