Достапни линкови

Турција со протесна нота за Франција


Турција денеска испратила дипломатска нота до министерствата за надворешни и за внатрешни работи на Франција во која бара Париз да обезбеди подобра заштита на турските претставници и да не пројавуваат трпеливост кон Курдската работничка партија. Амбасадата на Турција во Париз испратила нота до двете министерства по демонстрации на партијата во Париз во минатата недела. Француски суд се очекува на 2 ноември да донесе пресуда за 18 членови на терористичката организација. Генералштабот на турската армија соопшти дека во шестдневните воздушни операции загинале над 100 курдски бунтовници во северен Ирак.
XS
SM
MD
LG