Достапни линкови

logo-print

Tадиќ: Додека сум претседател , Србија нема да го признае Косово


 Тадиќ на средба со чешкиот претседател Вацлав Клаус

Тадиќ на средба со чешкиот претседател Вацлав Клаус

Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави денеска во Прага дека односите меѓу Србија и Хрватска се многу важни и неодмерени изјави што ги изнесоа хрватската премиерка Јадранка Косор и шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ се апсолутно неприфатливи. Tој на денешната средба со чешкиот претседател Вацлав Клаус оцени дека нивните односи се од фундалментално значење за стабилност на Југоисточна Европа и дека недомерените изјави да влијаат на нивниот развој. Тој повтори дека додека е тој претседател Србија нема да го признае Косово, оценувајќи ги како неприфатливи барањата на германската канцеларка Ангела Меркел за укинување на паралените институции во Косово.
Клаус изјави дека ги поддржа амбициите на Србија што поскоро да стане членка на Европската унија, додаде дека Унијата би требало кон Србија да се однесува исто неутрално како со другите кандидатски земји и треба да најде време за пристапните преговори.
XS
SM
MD
LG