Достапни линкови

Советник на Бан Ки Мун ќе истражува во Косово за трговијата со органи


Полицијата на Еулекс и НАТО силите на заедничка вежба

Полицијата на Еулекс и НАТО силите на заедничка вежба

Еулекс во Косово денеска го именуваше американецот Џон Клин Вилијамсон за главен обвинител на специјалниот тим на ЕУЛЕКС во истрагата за трговија со човечки органи. Потпаролот на Еулекс Николас Хаутон изјави дека се очекува истрагата на чело со обвинителнот наскоро да започне, односно штом заврши регрутирањето на кадарот. Тимот кој се состои од 20 луѓе ќе ги истражуваaт наводите во извештајот на Дик Марти за Советот на Европа од декември минатата година. Во извештајот на Марти е наведено дека високи официри од Ослободителната војска на Косово, блиски до премиерот Хашим Тачи се поврзани со нелегалната трговија на органи. Главниот обвинител до сега беше советник за правда на генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун.
XS
SM
MD
LG