Достапни линкови

Русија сака незјината погранична полиција да се врати во Таџикистан


Шефот на руската служба за борба против дрогата Виктор Иванов денеска изјави дека руските погранични службеници треба да се вратат на таџикистанско-авганистанската граница. Иванов и претходно даваше вакви изјави но денеска додаде и објаснување според кое кога руски полицајци патролирале на таа граница, резултатот на годишно ниво бил 5 тони заробен хероин, додека сега тоа количетво е намалено на 200 килограми годишно. Иванов смета дека враќањето на руските граничари на таџикистанската граница е политичко прашање што треба да го разгледаат двете влади. Иванов додаде дека Русија ќе им даде финансиска помош на Казахстан, Киргистан и Таџикистан да се борат против трговијата на дрога.
XS
SM
MD
LG