Достапни линкови

Гадафи и натаму е закана во и надвор од Либија


Претседателот на Преодниот Совет Мустафа Абдел Џалил

Претседателот на Преодниот Совет Мустафа Абдел Џалил

Либиските бунтовници сметаат дека Моамер Гадафи, за кого не се знае каде се наоѓа, и натаму е закана во и надвор од Либија. Претседателот на Преодниот Совет Мустафа Абдел Џалил го повика НАТО, чии бомбардирања беа клучни за победа, да продолжи да ги подржува бунтовниците.
Во меѓувреме бунтовниците напредуваат кон Сирт, родното место на Муамар Гадафи 360 километри источно од Триполи. Хјуман Рајтс Воч пак денеска соопшти дека воена единица под команда на еден од синовите на Гадафи, е одговорна за егзекуција на затвореници минатата недела во Триполи.
Еден преживеан изјавил дека бригада под команда на синот на Гадафи, Камис убила 150 затвореници на 23 Август.
XS
SM
MD
LG