Достапни линкови

Либијските бунтовници напредуваат кон родното место на Гадафи


Бунтовниците во Либија напредуваат кон градот Сирт, родното место на лидерот Муамар Гадафи. Еден од командантите на бунтовниците изјави дека анти-владините сили се приближуваат кон населеното место од исток и од запад, додека од НАТО потврдија дека веќе трет ден се извршуваат воздушни напади на градот. Гадафи се уште ужива подршка во населеното место кое брои 100.000 жители. Аналитичарите сметаат дека ако бунтовниците го освојат Сирт, тоа ќе биде стратешки и симболично важен потег во прогласувањето на победа на анти-владиното движење.
XS
SM
MD
LG