Достапни линкови

Турски војници повторно мета на курдски бунтовници


Најмалку тројца турски војници загиниле, а двајца се ранети при експлозија на бомба оставена покрај пат во Југоисточна Турција. Бомбата експлодирала во провинцијата Хакјари, на границата со Ирак, додека поминувал воен конвој, соопштиј атурските власти.Бунтовниците на Курдската работничка партија од јули ги интезивираа нападите врз турските безбедносни сили при што загинаа повеќе од 40 војници. Како одговор на нападите, турската армија шест дена бомбардираше цели на ПКК во северниот дел на Ирак при што загинаа над 100 бунтовници.
XS
SM
MD
LG