Достапни линкови

Поповски утре во посета на Хрватска


Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре ќе престојува во еднодневна посета на Хрватска . Според најавите Поповски утре ќе се сретне со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, со својот колега, Гордан Јандроковиќ и со неколку други министри. Министрите Попоски и Јандроковиќ ќе разговараат за билатералните односи и соработката на политички и економски план, како и за соработката во рамки на евроатлантските интеграции. Хрватска е првата земја што ја посетува Попоски по неговото назначување на функцијата министер за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG