Достапни линкови

Реката Хадсон може да поплави делови од Менхетен


USA - Hurricane Irene rages ashore in North Carolina,27August2011

USA - Hurricane Irene rages ashore in North Carolina,27August2011

Нивото на реката Хадсон расте и стигна до висината на мостовите со што постои можност да потопи дел од Менхетен, јавува американската телевизија Си-ен-ен. Ураганот „Ајрин“ навлезе во Њујорк и донесе поројни дождови. До сега загинаа 10 –тина луѓе од кои најмладата жртва е 11 годишно момче. Над 3 милиони луѓе од источниот брег треба да се евакуираат. До сега се евакуирани над 370 илјади жители на Њујорк и затворен е целиот јавен сообраќај
Претходно Ураганот „Ајрин“ помина низ Северна Каролина со ветрови со брзина од 140 километри на час.
XS
SM
MD
LG