Достапни линкови

Тунис ги отвори граничните премини кон Либија


Туниските власти повторно ги отворија граничните премини кон Либија денеска и десетици возила ја преминаа границата јавува новинската агенција Ројтерс. Либиските бунтовници ја презедоа контролата на либиската страна на границата од лојалните сили на Моамер Гадафи. Со отварањето на границата се дозволува нормален проток низ клучниот пат преку кој можат да стигнат основните намирници до Триполи.
XS
SM
MD
LG