Достапни линкови

ГСА:Хомосексуалците во Србија честа мета на насилниците


Српската Геј -стрејт алијанса денеска изрази загриженост за зголемениот број на напади и обиди за напади врз луѓето од ЛГБТ групата. Во соопштението на алијансата е наведено дека последниот физички напад се случил викендов во Нов Белград, каде две млади момчиња претепале 22 годишен хомосексуалец. Алијансата бара од полицијата и надлежните органи да ги расветлат сличаите без одложување. Во соопштението е наведено дека непостоењето на јасна стратегија за борба против насилство и дискриминација на луѓето од ЛГБТ групата, ги охрабрува насилниците да продолжат со маргинализирање и малтретирање на луѓето кои не припаѓаат во мнозинството хетеросексуалци.
XS
SM
MD
LG