Достапни линкови

Меркел во посета на Словенија


Германската канцеларка Ангела Меркел во вторник ќе допатува во неколкучасовна посета на Словенија. Според најавите таа на средбатa со премиерот Борут Пахор ќе разговара за решавањето на должничките проблеми во еврозоната, тесната соработка на членките од еврогрупата и продлабочување на билатерните односи кои треба да заврши со потпишување на декларација. Словенечкиот премиер го поддржува германско-францускиот план за решавање на должничката криза.
XS
SM
MD
LG