Достапни линкови

logo-print

Ал Каеда ги губи лидерите


Убиен е вториот човек на терористичката организација Ал Каеда, јавуваат новинските агенции повикувајќи се на американски воени извори. Либиецот Антија Ал Рахман загинал уште во понеделникот при напад на беспилотно летало во регионот Вазиристан. Според информациите на агенциите од Вашингтон тој бил вмешан во планирањето на голем број терористички напади и неговата смрт претставува голем удар за терористчката организација. Ал Рахман бил втор по хиерархија во организацијата и по смртта на Бин Ладен, во мај во Пакистан го наследил неговото место.
XS
SM
MD
LG