Достапни линкови

Жестоки битки во Дамаск


Во Дамаск синоќа се воделе жетоки битки меѓу владините безбедносни сили и воени дезертери, јавува новинската агнција Ројтерс повикувајќи се на сведочења на жители. Жителите изјавиле дека додека владините безбедносни сили се справувале со демонстранти во близина на Хараста, дел од војниците ги напуштиле своите позиции и почнале да пукаат врз владините сили. Активисти за човекови права тврдат дека голем дел од војниците дезертирале, додека сириската валда ги демантира овие тврдења. Претходно Арапската Лига најави дека ќе го испрати својот генерален секретар во Дамаск со иницијатива за решавање на кризата.
XS
SM
MD
LG