Достапни линкови

Арапската лига побара од Сирија да престане со убивањето


Анти-владини протести во Сорија

Анти-владини протести во Сорија

Арапската лига повика да се стави крај на крвопролевањата во Сирија. Генералниот секретар на Лигата Набил Ал Араби ќе го посети Дамаск и да достави иницијатива за решавање на кризата. Во соопштението по вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на Арапската лига е наведено дека тие изразиле голема загриженост за случувањата во Сирија и дека стабилноста на Сирија е од клучно значење за стабилноста на арапскиот свет и Бликиот Исток. Во продолжение на соопштението е наведено дека сирискиот народ има право да живее безбедно и дека треба да му исполнат легитимните барања за политички и социјални реформи.
XS
SM
MD
LG