Достапни линкови

Иванов се сретна со директорката на УНЕСКО


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов вчера во Охрид се сретна со Генерален директор на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации – УНЕСКО, Ирина Бокова. Во соопштението од кабинетот е наведено дека Иванов на претстојниот Самит во Белград ќе ја официјализира кандидатурата на Република Македонија, во соработка со УНЕСКО, да биде домаќин на десетгодишнината од овој тип на состаноци во 2013 година. Во продолжение на соопштениети се вели дека двајцата соговорници се согласиле дека Македонија и УНЕСКО, и понатаму ќе соработуваат преку реализација на заеднички проекти и иницијативи.
XS
SM
MD
LG