Достапни линкови

Стогодишнината од балканските војни со турски проект за мир на Балканот


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави денеска во Приштина дека 2012-та ќе биде година на мирот за Балканот. Тој додаде дека стогодишнината од балканските војни ќе биде одбележана со проект наречен „ Од балканските војни до балканскиот мир“ . Тој додаде дека Турција ќе биде домаќин на голм дел од активностите и дека со тоа сака да испрати порака „неопходно е да се изградат мостови на пријателство меѓу народите и државите, кои претрпеа толку голема болкаa a важно е сето ова да се потенцира и во Косово. Давитоглу истакна дека овој проект го разгледал со српскиот претседател Борис Тадиќ Меѓудругото Давитоглу ја истакна поддршката на Турција за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
XS
SM
MD
LG