Достапни линкови

Експлозија во воената академија во Алжир


Мапа на северниот дел на Алжир каде што е извршен нападот

Мапа на северниот дел на Алжир каде што е извршен нападот

Најмалку 18 луѓе загинале а над 20 се ранети при бомбашки напади во Алжир. Мета на бомбашите самоубици била воената академија која се наоѓа на 100 километри одалеченост од главниот град на Алжир. Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот кој се случил веднаш по ифтар, кога муслиманите прават пауза од рамазанските пости. Исламистички екстремисти се борат со алжирските безбедносни сили од 1992 година кога војската го откажала одржувањето на парламентарните избори на кои се очекувало да победи муслиманска фундаменталистичка партија.Во конфликтот кој избил по тој настан загинале околу 200 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG