Достапни линкови

Меркел сака да го види Гадафи во Суд


Германската канцеларка Ангела Меркел сака да го види либискиот лидер Моамер Гадафи во Суд, иако тој никогаш не им дал шанса на неговите опоненти да се бранат пред суд. Таа ова го изјави за германскиот весник Билд ам зонтаг. Меѓународниот кривичен суд го обвини Гадафи за злосторства против човештвото и во јуни издаде налог за негово апсење. Обвинение е покренато и против неговиот син Саиф ал Ислам и либискиот шеф на разузнавачките служби Абдула ал Сенуси.
XS
SM
MD
LG