Достапни линкови

Турција демантира дека убила цивили во северниот дел на Ирак


Турција демантира дека убила цивили за време на бомбардирањето на курдските позиции во северниот дел на Ирак. Турскиот Генералштаб соопшти дека спровел истрага дали при бомбардирањето загинале цивили и заклучокот е дека нема цивилни жртви. Во средата на турскиот амбасадор во Багдад му беше врачен официјален протест и барање за итен прекин на нападите врз невини граѓани. Според турската армија во нападите во северниот дел на Ирак загинале повеќе од сто курдски бунтовници.
XS
SM
MD
LG