Достапни линкови

Британија најави хуманитарна помош за Либија


Британската влада најави итна хуманитарна помош за луѓето погодени од конфликтoт во Либија. Секретарот за меѓународен развој Андреј Мичел изјави дека во пакетот ќе биде вклучена и медицинска помош и лекари, луѓе кои ќе треба да доставуват храна и основни намирници на околу 700 илјади раселени луѓе по борбите во земјата. Хуманитарната криза во Либија се шири со продолжувањето на борбите во неколку делови на земјата. Британската влада соопшти дека помошта ќе биде споделена преку меѓународниот комитет на Црвениот Крст.
XS
SM
MD
LG