Достапни линкови

Либиските бунтовниции се уште трагаат по Гадафи


Либиските бунтовници го заземаа пограничниот премин кон Туни, со цел да ги затворат сите можности кои би ги искористил Моамер Гадафи за бегство од земјата. Туниските власти соопштија дека лојалните служби на Гадафи го напуштиле преминот откако стотина бунтовници пристигнале денеска. Во меѓувреме Генералниот секретар на Обединете Нации Бан Ки Мун повика на брзо врќање на редот и мирот во Либија, затоа што како што вели земјата е „преплавена “ со малокалибарско оружје и дека борбите продолжуваат да се водат во неколку делови на Либија. Бунтовниците и НАТО воени авиони се фокусирани на борбите во родниот град на Гадафи кој се наоѓа на 450 киломентри од Триполи.
XS
SM
MD
LG