Достапни линкови

Пожари беснеат во Грција и Албанија


Грција денеска прогласи вондредна состојба во близина на североисточната граница со Турција и побара помош од Европската унија за борба против шумските пожари, кои веќе трет ден се надвор од контрола.Во областа десетици илјади хектари шума изгореа, но нема податоци за настрадани луѓе.
Во последните 24 часа на територијата на Грција избувнале околу 90 пожари.
Пожарите во Албанија пак уништија околу 1.500 хектари шума, јави МИА од Тирана. Тука секако не се опфатени и повеќе од десет хектари маслинови насади. Најпроблематичен бил месец август, а главно станува збор за подметнати пожари. Според министертвото за животна средина состојбата со пожарите била многу драматична. Само во четвртокот изгореле 100 хекатари во атарот на Валона и дваесеттина хектари во подрачјето на Лура.
XS
SM
MD
LG