Достапни линкови

logo-print

Зголемено индустриското производство во Македонија


Индустриското производство во јули годинава бележи пораст од 5,5 отсто во однос на јули минатата година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен бележи пораст од 2,2 насто, кај преработувачката индустрија пораст од 9 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18,7 насто.
Според главните индустриски групи, производството бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 2,6 насто, капитални производи за 26,1 насто, трајни производи за широка потрошувачка за 181,1 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,3 насто, додека кај енергијата бележи опаѓање за 15,5 насто.
Индустриското производство од јануари до јули 2011 година, во однос на овој период лани е зголемено за 8,6 насто
XS
SM
MD
LG