Достапни линкови

Нова Геј парада во Белград на 2 Октомври


Serbia - Gay-rights acivists march during gay-pride parade in Belgrade, 10Oct2010

Serbia - Gay-rights acivists march during gay-pride parade in Belgrade, 10Oct2010

Втората геј парада во Белград предвидена е да се одржи на 2 октомври, соопштија денеска организаторите и изразија загриженост парадата повторно да не биде нападната од хулигани.
Една од организаторките на парадата, Јованка Тодоровиќ истакна дека се уште не е познато времето и маршрутата на парадата поради безбедноста.
Во Белград се зголемија тензиите во последните недели кога екстремистичките организации повторно упатија закани за хомосексуалната заедница.
Парадата на гордоста во Белград во октомври 2010 година беше одржана под силно полициско обезбедување. Повеќе од 100 полицајци беа повредени, а над 100 хулигани беа уапсени.
XS
SM
MD
LG