Достапни линкови

Дволична политика за името


Средба на премиерите на Македонија и Грција Никола Груевси и Јоргос Папандреу во Преспа
Средба на премиерите на Македонија и Грција Никола Груевси и Јоргос Папандреу во Преспа

Двете страни во спорот за името декларативно подготвени за решение, а во пракса вината ја бараат во спротивниот табор.

Последниот бран изјави од двете засегнати страни во спорот за името, предизвикаа реакции кај домашната јавност околу намерата да се стави крај на долгогодишниот спор. Експертите ги збунува позицијата на македонската влада, за која премиерот Никола Груевски пред неколку дена потврди дека е подготвена да постигне брзо решение на овој проблем, а
Глумењето пред меѓународната заедница дека ние наводно водиме дијалог е дволична политика, затоа што на Груевски му одговара таа позиција на статус кво, ние сме конструктивни, ние сакаме да го решиме името но Грција е проблемот.

набрзо потоа, изјавите од грчкото и македонското министерство за надворешни работи само потврдија дека и двете страни прстот за виновникот го вперуваат во другиот. Политикологот Соња Стојадиновиќ вели дека владата води дволична политика, глумејќи конструктивност пред меѓународната заедница, а терајќи инает со Грција.

„Глумењето пред меѓународната заедница дека ние наводно водиме дијалог е дволична политика, затоа што на Груевски му одговара таа позиција на статус кво, ние сме конструктивни, ние сакаме да го решиме името но Грција е проблемот во завиена форма во надворешнaта, а во внатрешнaта, Грција е главниот проблем.“

Улогата на Меѓународната заедница е да помогне во решавањето на овој спор, но се чини дека веќе и таа се измори од ова прашање, вели универзитетскиот професор Етем Азири. Според него, политичкото раководство во земјава треба да ја преземе одговорноста за решавање на овој проблем, штитејќи ги притоа интересите на граѓаните.

„Нaшите лидери сакаат да бидат заклучени и така да разговараат на подолги стази. Малку треба да се гледа и што мисли граѓанинот. Името не е име само за лидерите, туку за целиот народ.“
Малку треба да се гледа и што мисли граѓанинот. Името не е име само за лидерите, туку за целиот народ

Стојадиновиќ вели дека однесувањето на премиерот Груевски е вообичаено за политичар кој применува популистички мерки на владеење и сака да го држи под својата контрола гласачкото тело.

„На Груевски му одговара еден момент – подобро е да бидам прв во село, отколку последен во град, а на градот мислејќи на ЕУ и меѓународната јавност, а прв во селото мислејќи во Македонија. Значи него му е добро да биде популарен и да биде што подолго на власт.“

Вицепремиерката за европски прашања, Теута Арифи, вчера изјави дека не може само едната срана да се посочува како одговорна за неуспешното решевање на спорот. Спорот е билатерален, вели Арифи, а ние досега покажавме дека имаме добра волја да се стави крај на ова прашање.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG