Достапни линкови

Турски патнички авион принудно слета по судар со јато птици


Патнички авион на турската авиокомпанија „Анадолу џет“ со 130 патници мораше принудно да слета речиси по полетувањето поради јато птици, објави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.
Авионот полетал вчера попладне од аеродромот во Ерзинџан, во источна Турција, за главниот град Анкара, но по полетувањето се судрил со јато птици, кои го оштетиле уредот за летање. По инцидентот, во кој нема повредени авионот се вратил на аеродромот во Ерзинџан.
Меѓу патниците имало и високи претставници на владејачката Партија на правдата и развојот од округот Бајбурт, во североисточна Турција.
XS
SM
MD
LG