Достапни линкови

logo-print

Собранието ќе гласа за докомплетирање на изборот на членови на СРД


Вчера попладнето Собарнието ги избра Лазо Петрушевски дипломиран електроинженер и Замир Мехмети, новинар, за членови на Советот за радиодифузија на предлог од Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Поради немање кворум е одложено гласањето по предлогот Методи Стоименоски како предлог од Комисијата за заштита од конкуренцијата. Денеска на продолжението на осмата Собраниска седница пратениците ќе гласаат и за избор на Методија Јанчески,кандидат поднесен од Комисијата за спречување на корупцијата.Според Комисијата Јанчески, вокација информатичар, е едногласно избран на јавен оглас. Пратениците од опозицијата со забелешка дека кај кандидатурата на Јанчески има класичен судир на интереси.
XS
SM
MD
LG